Ужасни бројки за Валенсија, во 106 години никогаш не била полоша
Валенсија по пет натпревари во Ла Лига е на последното место со само еден освоен бод и тоа во првото коло против Селта, наредните четири дуели тимот на Димитриевски ги загуби.
Во својата историја која е долга 106 години, Валенсија само на двапати имала старт со реми и четири порази во 1999 година и во 2024 година, но тогаш гол разлика не била лоша како сега. Валенсија постигна само еден гол и прими десет, најмногу од сите.
Токму поради тоа шпанските медиуми веќе најавуваат дека многу брзо ќе дојде до тренерска смена бидејќи Карлос Корберан можеби нема да го дочека и следниот натпревар на шпанскиот тим.
Навивачите сосема очекувано се бесни поради ваквите резултати, а тоа го покажаа и со жестокиот пречек кој им го приредија на фудбалерите по враќањето од Севиља (ТУКА).