Ужасна вест: Фудбалер на Тетекс загина во сообраќајна несреќа – имаше 21 година!
Тетовскиот клуб ја потврди тажната вест за прераното заминување на младиот играч, кој беше нераскинлив дел од екипата. Николовски ги имаше поминато сите младински категории на Тетекс, по што својата кариера и верност кон клупските бои ја продолжи настапувајќи и за сениорскиот тим.
Раководството јавно се збогува од својот играч, изразувајќи најдлабоко сочувство до неговото семејство.
„Со голема жал и длабока болка ја споделуваме веста дека денеска го загубивме нашиот Даниел. Даниел беше дел од младинските категории на ФК Тетекс, а својата љубов кон клубот ја продолжи и како дел од сениорскиот тим. Ќе остане запаметен како дел од нашето семејство и засекогаш ќе биде дел од историјата на нашиот клуб. На неговото семејство, најблиските и сите кои го познаваа, ФК Тетекс им упатува најдлабоко сочувство. Почивај во мир, Даниел. Летај високо, ангелу“, стои во официјалното соопштение од ФК Тетекс.