Легендата на Јувентус за Комо: Го обелија образот на италијанскиот фудбал!

Еден од најголемите италијански фудбалери во историјата, легендарниот Алесандро Дел Пјеро, имаше само пофални зборови за фудбалерите, стручниот штаб и сопствениците на Комо по нивната победа, прва во историјата на клубот во Лигата на шампионите.

Посебно истакна дека тимот на Ческ Фабрегас е единствениот италијански клуб кој ја започна својата европска сезона во ЛШ со победа.

Ќе потсетиме, Комо вчера на домашен терен го декласираше германскиот Лајпциг со 4-1, а Дел Пјеро порача дека од сега навива за Комо.

„Сè беше посебно, резултатот, првиот европски натпревар за Комо, испишувањето историја, атмосферата, ентузијазмот на луѓето... Многу работи се одвиваа во позитивна насока за Комо и пресреќни сме“, изјави воодушевениот Дел Пјеро и додаде:

„Пресреќен сум бидејќи, претставувајќи ја Италија, остварија единствена победа од четирите италијански тимови, па затоа, да навиваме за Комо.“

Тој го пофали и напредокот на тимот под водство на Ческ Фабрегас.

„Исклучително се добро организирани и таа организација ја покажуваат во текот на целиот натпревар. Имаат одлична енергија. Не сакам да кажам дека доминираат со натпреварот, но во суштина да, ја контролираат играта и имаат силен карактер“, порача легендарниот капитен на Јувентус.