Ињаки Вилијамс веќе нема да игра за репрезентацијата

Капитенот на Атлетик Билбао, Ињаки Вилијамс, по четири години го заврши репрезентативниот пат со Гана, објавувајќи ја својата одлука на социјалните мрежи.

Триесет и двегодишниот напаѓач последен пат го носеше дресот на Гана во поразот од Колумбија со 1-0 на Светското првенство со кој неговата селекција беше елиминирана.

Вилијамс е роден во Билбао, во семејство со корени од Гана, а во 2022 година одлучи да настапува за оваа африканска репрезентација. Претходно, шест години порано, тој забележа еден настап за Шпанија, на пријателскиот натпревар против Босна и Херцеговина.

За Гана одигра 28 натпревари и постигна два гола, а му помогна на тимот да стигне до нокаут-фазата на Светското првенство оваа година, првпат по 2010 година.

„Гана ми даде многу повеќе од само фудбал. Ми овозможи да се вратам дома, да се почувствувам уште повеќе поврзан со моите корени и да почувствувам огромна гордост што ја претставувам мојата земја и го носам ова знаме на градите. Гана засекогаш ќе биде дел од мене“, порача Вилијамс.

Неговиот помлад брат Нико Вилијамс е член на шпанската репрезентација, со која оваа година ја освои титулата светски шампион, а во 2024 година стана и европски шампион.