Олисе го има најбизарното интервју - дури и водителот се посрами (ВИДЕО)
Баерн убедливо со 5-0 го совлада Бодо, а Олисе беше еден од најдобрите поединци на теренот. Францускиот репрезентативец постигна два гола и запиша асистенција, со што заслужено ја понесе наградата за играч на натпреварот.
Сепак, наместо неговата одлична статистика, по натпреварот во центарот на вниманието се најде интервјуто. Олисе е познат како фудбалер кој не сака премногу да зборува пред камерите, а тоа уште еднаш го потврди. Водителот го праша како успева да постигнува толку атрактивни голови.
„Не знам“, кратко одговори Олисе.
Водителот не се откажа и продолжи со прашањето: како тогаш го прави тоа?
Одговорот на Французинот беше уште пократок и во негов стил:
„Шутнав и влезе.“
Кратките одговори предизвикаа реакции, бидејќи водителот очигледно очекуваше нешто подетално од човекот кој токму постигна два гола и беше еден од главните виновници за убедливата победа на Баерн. Од неговите одговори му дојде незгодно дури и на водителот кој веднаш потоа го прекина интервјуто.
Бизарното интервју на фудбалерот, можете да го видите ТУКА.