Вардар покажа „заби“, но Мелсунген не си дозволи да загуби дома!

Ракометарите на Вардар се покажаа во добро светло, но сепак запишаа пораз на стартот од Лигата на шампионите на гости кај Парондо и Мелсунген кој славеше победа со 33-31

Вардар кратко во почетните минути неколку пати водеше со еден разлика, меѓутоа тоа се промени по 4-4 кога домашниот состав за првпат поведе.

Мелсунген ја одржуваше предноста која најчесто изнесуваше два-три гола, но Вардар не се предаваше и констатно беше закана не дозволуваше противникот да направи посериозна разлика. Одличен беше Воркапиќ кој беше исклучително прецизен од линијата за седум метри.

Во завршницата од првиот дел Вардар имаше и напад за израмнување меѓутоа не го искористи, па Германците заминаа на пауза со 16-15. Слично се одвиваа работите и во вториот дел, но тука Мелсунген дојде и до највисоките пет гола предност (24-19). Сепак, Вардар не се предаде и во последните 12-13 минути предводен од Гогов кој влезе во игра и веднаш запиша неколку интервенции, македонскиот шампион во последните десет минути се врати целосно во игра со негатива од еден гол (28-27).

По уште една одбрана на Гогов која беше шеста, сите ги забележа во второто полувреме, Вардар доби и напад за израмнување кој не го реализираше, па Мелсунген тоа го искористи во следниот напад за повторно да оди „плус два“.

Тие моменти се покажаа и како последна шанса за Вардар да ја преземе контролата, Германците во продолжение повторно за нијанса беа подобар противник и на крајот славеа победа со два разлика.

Најефикасен кај вардарци беше Воркапиќ со девет гола од 11 обиди, го следеше Љевар со седум, додека Абделак ја заврши средбата со пет постигнати гола. На спротивната страна Дростен и Гола беа најрасположени со по пет. Поранешниот вардарец, Криштопанс погоди само еднаш и тоа во завршницата од средбата.

Гогов до крајот собра осум одбрани, Валах немаше свој ден и одбрани само три удари.