Oткриен документ за платите во Ла Лига: Реал и Барса рушат рекорди, Севиља едвај преживува (ФОТО)

Шпанската Примера денес откри една од своите најстрого чувани тајни, а станува збор за официјалниот лимит на платите за сите 42 клубови во првата и втората лига, а извештајот ги урна сите очекувања.

Втора година по ред, Реал Мадрид се наоѓа на врвот како најбогат клуб во Шпанија. „Кралскиот клуб“ го зголеми својот лимит за трошење за повеќе од 70 милиони евра, со што ја потврди својата апсолутна финансиска доминација.

Најголемиот ривал и актуелен шампион на Шпанија, Барселона, приреди најголемо изненадување. Во истото лето во кое каталонскиот клуб го прослави историското враќање на правилото за трошење 1:1 што значи дека може да потроши секое евро што ќе го заработи нивниот финансиски лимит скокна за повеќе од 200 милиони евра одеднаш. Овој огромен скок е резултат на успехот на управата во продажбата на имот и намалувањето на долговите.

Со овие бројки, разликата меѓу двата водечки клуба и остатокот од лигата се зголеми. Третопласираниот Атлетико Мадрид ја задржа својата позиција со скромен раст од 35 милиони евра, што ги остава далеку зад трката на двата гиганти.

На спротивниот крај, Севиља минува низ вистинска финансиска кошмарна ситуација. Втора година по ред, андалузискиот клуб се наоѓа на самото дно на табелата со лимити на плати во највисокиот ранг, со сума од само 20,161 милиони евра што е уште помалку од минатата сезона.