Хрват е стрелец на првиот гол за Комо во Лигата на шампионите (ВИДЕО)

Eкипата на Комо вечерва го игра својот дебитантски натпревар во Лигата на шампионите, а не чекаше долго и за својот прв гол.

Своето име во историјата на италијанскиот калчолигаш го запиша напаѓачот Мартин Батурина кој по 15 минути игра ја погоди мрежата на Лајпциг и така го постигна првиот погодок за Комо во историјата во Лигата на шампионите.