„Реал не може да најде играч како Модриќ“
Легендарниот црногорски фудбалер и поранешен спортски директор на Реал зборуваше за ситуацијата во мадридскиот гигант и за празнината која ја остави хрватскиот маестро во средниот ред.
„Каде Реал да најде играч како Модриќ? Тоа не е едноставно. Такви играчи не се појавуваат секој ден“, е ставот на Мијатовиќ.
Модриќ во Реал пристигна во 2012 година и за 13 сезони одигра 597 натпревари, постигна 43 гола и освои неверојатни 28 трофеи, со што стана најтрофејниот фудбалер во историјата на клубот. Хрватскиот репрезентативец беше еден од главните столбови на најуспешната ера на Реал, во која клубот освои и шест титули во Лигата на шампионите. По неговото заминување, заедно со претходното пензионирање на Тони Крос, мадридскиот клуб остана без двајца фудбалери кои со години го диктираа ритамот на играта.
Иако Модриќ веќе има 41 година, тој и понатаму игра на високо ниво во дресот на Милан. Самиот Хрват неодамна истакна дека не сака да се врати во Реал само за да биде дел од клубот, туку единствено доколку може да придонесе на теренот.