Елмас го честита Денот на независноста на Македонија (ФОТО)
Македонскиот репрезентативец и од неодамна фудбалер на италијанска Аталанта на социјалните мрежи објави фотографија со кратка и силна порака.
„Да сме среќни и вечни браќа Македонци“, објави Елмас на социјалните мрежи.
Ќе потсетиме, Елмас летово го напушти Лајпциг и се врати во Италија во редовите на Аталанта за која веќе собра три настапи, а на последниот викендов против Рома беше и стартер.
