Србија по „скратена постапка“ дала пасош на млад македонски талент?!
Станува збор за Мартин Џангаровски кој има 17 години игра за екипата на Радник од Сурдулица, а досега е стандарден во сите младински категории на Македонија.
Досега зад себе Џангаровски има по два настапи во селекциите до 19 и 18 години, а најдобро се покажа со своите врсници бидејќи во репрезентацијата до 17 години настапи на дури 18 средби и постигна шест голови.
Претходно играше и за репрезентациите до 16 и 15 години. Во редовите на Радник пристигигна пред само еден месец од Македонија Ѓорче Петров каде што ја почна кариерата.
„Интересно е што Мартин Џангаровски во Сурдулица пристигна на 21 август, само седум дена откако го добил српскиот пасош. Очигледно, со новото државјанство ги избегнал и „заобиколил“ сложениот процес за меѓународни трансфери на малолетни фудбалери“, пишува „Спорт Клуб“.
Во редовите на Радник, Џангаровски веќе дебитираше за првиот тим на гостувањето кај Железничар Панчево во поразот од 5-1.
Сепак, засега не мора да значи и дека со добивањето на српски пасош Џангаровски во иднина ќе игра за Србија.