Премиерлигашите во милионски проблем, половина клубови го кршат законот за обложувалници!
Според новите планови на британската влада, ваквите партнерства би требало целосно да станат нелегални од следната година, што би можело да ги чини клубовите десетици милиони евра.
Интересно е што бројот на премиерлигаши кои соработуваат со спорни компании во текот на летото се зголеми на десет, а меѓу нив се и гиганти како Челси и Тотнем.
Раководството на лигата жестоко се противи на забраната, правдајќи се дека услугите на азиските обложувалници не се директно достапни во Велика Британија. Сепак, секој корисник со помош на ВПН може да го заобиколи ова правило.
Растот на нерегулираниот пазар предизвика голема загриженост во земјата, поради што властите сакаат да ги затворат операторите кои не обезбедуваат основна заштита на потрошувачите.
Една од најголемите легални британски обложувалници испрати предупредувачко писмо до десет клубови, а посебно го критикуваше Евертон поради повеќемилионскиот договор со криптоказино.
„Ризикот за фудбалот, спортскиот интегритет и општеството е реален“, стои во писмото, во кое се нагласува дека нелиценцираните оператори не нудат заштита и ограничувања на трошењето.
Поради тоа, компанијата остро ги осуди ваквите договори.
„Со ова се отстранува заштитата која најверојатно би спречила нанесување штета на потрошувачите, што значи дека ранливите корисници неправедно ја плаќаат цената за партнерствата што ги склучуваат нивните клубови“, истакнуваат од компанијата.
Иако Премиерлигата по секоја цена сака да ги заштити големите приходи на клубовите, ваквиот став би можел да биде опасен. Имено, токму нелегалните обложувалници масовно ги финансираат пиратските преноси, кои директно ги загрозуваат милијардерските телевизиски договори на лигата.
Фото: Everton FC