Хамес Родригез е пред враќање во Европа, ќе игра во Италија

Поранешниот најдобар стрелец на Светското првенство, Хамес Родригез според последните информациите кариерата ќе ја продолжи во италијанскиот второлигаш Авелино.

Наводно, Родригез ги договорил сите услови за преселба во италијанскиот клуб и тоа како слободен фудбалер. Колумбиецот е без договор откако се раздели со американскиот клуб Минесота.

Родригез има 35 години, а за репрезентацијата на Колумбија настапи и на последното Светско првенство. Пред десетина години беше една од најголемите фудбалски ѕвезди.

Блесна на Светското првенство во 2014 година, кога беше најдобар стрелец на турнирот. Одличните настапи во Бразил му донесоа трансфер во Реал Мадрид, кој за неговите услуги плати околу 75 милиони евра.

Сепак, Родригез не ги оправда очекувањата во Мадрид. По неколку сезони испадна од составот на Реал и започна да го менува клубот. Во кариерата настапуваше и за Баерн Минхен, Евертон, Ал Рајан, Олимпијакос, Сао Паоло, Рајо Ваљекано, мексикански Леон и американската Минесота.

Оваа година за Минесота одигра осум натпревари, но не успеа да постигне ниту еден гол, а сега во Авелино би имал можност да соработува и со Алесандро Неста кој е на клупата на овој тим.

Фото: Selección Colombia/X