Втор одложен натпревар на Работнички, нема да игра и против Брера
По четири доиграни кола Брера е лидер во Втората лига со десет бода, Работнички пак е седми со четири помалку, сепак дебармаалци имаат и натпревар помалку.
За Работнички овој одложен натпревар е втор сезонава, претходно не играа и против Тетекс, тогаш поради обврските кои ги имаа фудбалери на тетовскиот тим во репрепрезентацијата која настапи на Медитеранските игри во Таранто.
Терминот за дуелот ќе биде дополнително одреден.