Комити влегоа со молк - па експлодираа: Наш е Вардар, наш ќе остане! (ВИДЕО)

Вардар вечерва на теренот на ФФМ го игра натпреварот против Арсими во кој Комити испраќаат силна порака пред почетокот на највениот бојкот до промената на управата.

Некаде пред крајот на првото полувреме вардаровите навивачи се појавија во голема бројка на трибините и ја испратија својата порака до врвот на управата на најтрофејниот македонскиот клуб.

Црвено-црните ултраси влегоа во молк, се стационирана на трибината зад голот и грмнаа со песна: Наш е Вардар, наш ќе остане...