Ѕверот се врати: Алкараз како да не бил повреден – без мака до осминафинале во Њујорк!
Третиот тенисер на АТП листата стигна до триумфот по два часа и 17 минути игра, со што ја продолжи серијата сигурни настапи во Њујорк. Иако пред почетокот на турнирот отсуствуваше од терените четири и пол месеци поради повреда на зглобот, Алкараз досега има загубено само еден сет на патот до најдобрите осум на турнирот.
Американецот се обидуваше да парира во текот на целиот натпревар, а најголемата шанса за враќање во игра ја пропушти во самата завршница од третиот сет. При водство од 5-4 за Алкараз, кој сервираше за победа, Пол стигна до две брејк-топки. Шпанскиот тенисер, сепак, ги спаси двете шанси на противникот, освојувајќи четири поени во низа со кои успешно го затвори натпреварот.
Во четвртфиналната фаза, Алкараз за противник ќе го има победникот од осминафиналниот дуел меѓу грчкиот тенисер Стефанос Циципас и Американецот Бен Шелтон.
ФОТО: Х / @carlosalcaraz