Историско возење на Кими во Монца, направи подвиг каков што не е виден 60 години!
Антонели со спектакуларно возење зад себе го остави тимскиот колега, Џорџ Расел и Макс Верстапен.
Пјер Гасли кој вчера приреди изненадување и ја освои пол-позицијата трката ја заврши како седми, тандемот на Мекларен, Пјастри и Норис ги освои четвртата и петата позиција, Хамилтон беше шести, Линблад осми, а првите десет ги комплетираа Колапинто и Цундоа.

Каков подвиг направи Антонели најдобро покажува тоа што вакво нешто се случува само вторпат во исотријата и првпат по 60 години.
За издвојување од трката е и инцидентот кој се случи на самиот старт кога Шарл Леклер по само три круга се заби во оградата и тука го заврши својот настап.