Oлимпија на Тренчовски убедлива, стрелаше и Митровски! (ВИДЕО)

Eкипата на Олимпија Љубљана славеше со 3-0 во натпреварот против Гросупље во рамките од осмото коло во Словенија, а еден од погодоците беше дело на македонскиот напаѓач Диомитар Митровски.

Митровски во листата на стрелци се запиша во 27-та минута со што го отвори патот кон победата на своја екипа. Преостанатите два гола Олимпија ги постигна во второто полувреме.

На теренот Митровски беше до 65-та минута кога македонскиот стратег од клупата Југослав Тренчовски одлучи да го замени.