Борнмут против Њукасл испиша негативна историја во Премиер лигата (ВИДЕО)
Гол за израмнување постигна Џејкоб Рамзи во самиот финиш од првиот натпревар во денешната програма во Премиер лигата, со што гостите останаа без победа и во третото коло сезонава.
Борнмут поведе уште во деветтата минута со голот на Маркус Таверние, а предноста ја удвоија во 35. минута. Тогаш дефанзивецот на Њукасл, Малик Тијау, несреќно ја сврте топката во сопствената мрежа.
Сепак, Њукасл одговори само две минути подоцна. Харви Барнс намали на 2-1, откако продре од левата страна во шеснаесетникот и со прецизен удар го погоди горниот агол од голот на гостите.
На домаќините им се закануваше првиот пораз во сезоната, но бодот во 88. минута им го обезбеди Рамзи. Фудбалерот кој влезе во игра од клупата упати силен удар по земја и го совлада голманот на Борнмут, Ѓорѓе Петровиќ, за конечни 2-2.
Ова е веќе трет натпревар сезонава на кој Борнмут испушта водство. Тимот примаше голови во самиот финиш и во првите две кола, против Манчестер сити и Евертон.
Против Евертон примија гол за конечни 1-1 во 91. минута, додека против Манчестер сити водеа со 1-0 до 84. минута, но на крајот загубија со 2-1. Тогаш во судиското продолжение за Сити погоди Јошко Гвардиол.
Со тоа, Борнмут стана првиот тим во историјата на Премиер лигата кој водел на првите три натпревари од сезоната, а притоа не успеал да оствари ниту една победа.
Фото: AFC Bournemouth