Историја во Бундеслигата: За првпат двајца 40-годишници еден против друг!
Во центарот на историскиот момент ќе бидат голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер, и напаѓачот на Шалке 04, Един Џеко. Токму нивниот меѓусебен дуел ќе испише нова страница во историјата на германскиот фудбал.
Нојер, кој неодамна го прослави својот 40. роденден, продолжува да биде прв избор меѓу стативите на Баерн. Германскиот голман и во оваа сезона покажува дека годините не се пречка за врвно ниво, а неодамна го запиша и својот 600. настап за баварскиот гигант. Од другата страна ќе биде Џеко, кој во март наполни 40 години. Босанскиот голгетер летово се пресели во Шалке и веднаш стана една од најголемите ѕвезди на тимот кој се врати во елитата.
Двајцата зад себе имаат неверојатни кариери и освоени трофеи, но денешниот натпревар ќе биде посебен и поради нешто што досега не се случило.