Крај на сите шпекулации: Модриќ и на 41 година ќе игра за Хрватска
Модриќ така ќе остане дел од репрезентацијата и во периодот во кој Хрватска ја очекуваат дуели против Чешка, Шпанија и Англија.
За Хрватите, продолжувањето на репрезентативната кариера на еден од најголемите фудбалери во нивната историја е огромна вест. Модриќ досега има забележано 202 настапи за „коцкестите“, со што остави неизбришлив печат во најуспешната ера на хрватскиот репрезентативен фудбал. Со него во составот, Хрватска стигна до светско сребро во 2018 година и светска бронза во 2022 година, а Модриќ беше еден од клучните играчи во двата историски успеси.
Особено интересен е фактот што Модриќ и Билиќ повторно ќе соработуваат. Хрватскиот селектор откри дека од нивната последна заедничка работа поминале дури 14 години.
„Секако дека исклучително ме радува ваквата одлука на Лука, бидејќи сите знаеме што претставува и значи за Хрватска, и на теренот и надвор од него. Особено ме радува што по 14 години повторно ќе работиме заедно и ќе ја делиме силната амбиција Хрватска да биде квалитетна, успешна и рамноправна со најдобрите во светот“, изјави Билиќ.
Модриќ в среда слави роденден што значи дека и на 41-годишна возраст ќе продолжи да игра за репрезентацијата.