Фјури заедно со Тајсон до Џошуа: Чувствувам дека си кукавица, потпиши го договорот! (ВИДЕО)

Поранешниот светски шампион во тешка категорија, Тајсон Фјури откри дека долгонајавуваната борба против Ентони Џошуа можеби нема да се одржи. 

Оваа порака Фјури ја испрати во рамките на жестокиот напад кон својот ривал и неговиот промотор Еди Херн, кого го опиша како алчен. Се веруваше дека Фјури и Џошуа потпишале договори за борба закажана за 20 ноември во Њујорк, но ситуацијата заглави околу условите во договорот.

Херн нагласуваше дека треба да се дефинираат уште некои детали, додека Фјури го обвини дека бара дополнителни пари од саудискиот боксерски моќник Турки Алалших.

„Чувствувам дека си кукавица. Чувствувам дека не сакаш да се бориш и само сакаш сите нас да нè измамиш, тоа го правиш со години“, напиша Фјури на својот Инстаграм.

Во видеото тој го вклучи и Мајк Тајсон, легендарниот поранешен светски шампион, за да изврши дополнителен притисок врз Џошуа да го потпише договорот.

„Потпиши го договорот“, кратко порача Фјури.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Tyson Fury (@tysonfury)