„Ришарлисон е тотален идиот, никој нема да жали по него“
Ришарлисон не е вклучен во плановите на Тотнем за новата сезона во Премиер-лигата, па сè поизвесно е дека ќе го напушти лондонскиот клуб. За него веќе постои интерес од турскиот Трабзонспор, каде што би можел да му се приклучи на Мохамед Салах во нападот.
Агбонлахор, кој денес работи како фудбалски аналитичар, смета дека заминувањето на Бразилецот нема да биде голем удар за Тотнем.
„Мислам дека никој нема да пушти солза по него. Тој е тотален идиот“, изјави Агбонлахор, во остар коментар за ситуацијата со Ришарлисон.
Бразилецот во последниот период не успеа да ги оправда очекувањата во Тотенхем, а неговата иднина во клубот дополнително е доведена во прашање со фактот што не се најде во составот за новата сезона.
Сега останува да се види дали Ришарлисон навистина ќе ја продолжи кариерата во Турција, но јасно е дека неговиот престој во Тотенхем се ближи кон крајот.