И во ватерполото има „Суарез“: Италијанец гризна црногорски играч во финалето на МИ (ВИДЕО)
Наместо само за резултатот, по натпреварот многу се зборува и за спорната ситуација од последната четвртина.
Во еден дуел во вода, црногорскиот репрезентативец Данило Ступар реагираше бурно, а по излегувањето од базенот на камерите им покажа место на раката за кое тврдеше дека бил гризнат од италијанскиот ватерполист Матео Јоки Грата. Судијата, сепак, донесе одлука која дополнително ја разгоре ситуацијата – исклучен беше Ступар. На одлуката жестоко реагираше и селекторот на Црна Гора, Дејан Савиќ, кој исто така доби исклучување.
Инцидентот целосно го засени финишот на мечот. Италија во текот на најголемиот дел од финалето имаше контрола и на крајот стигна до победа од 18-14, со која го освои златниот медал. Црна Гора мораше да се задоволи со среброто, но спорната ситуација од последната четвртина сигурно долго ќе се прераскажува.