Воткинс по дебито за Ал Хилал: Стандардот во С. Арабија е ист како во Премиер лигата!

Англискиот напаѓач Оли Воткинс го запиша своето деби во дресот на Ал Хилал, па веднаш зборуваше за квалитетот на фудбалот во Саудиска Арабија.

По првиот настап за новиот клуб, Воткинс беше позитивно изненаден од нивото на натпреварување во саудиската лига.

„Изненаден сум, лигата бара голем физички напор и има огромен квалитет“, изјави Воткинс, посочувајќи дека стандардот на играта е на високо ниво.

Англичанецот направи и споредба со Премиер лигата, истакнувајќи дека квалитетот што го затекнал во Саудиска Арабија е ист како во Англија.

Фото: Facebook/AlHilal Saudi