Вардар со „петарда“ го разнесе Овче Поле и избори осминафинале во Купот
„Црвено-црните“ одиграа одличен натпревар, а првиот гол го постигнаа во 35. минута преку Диабатe, додека останатите четири погодоци беа постигнати во второто полувреме.
Азер Омерагиќ постигна два од головите на Вардар во вториот дел, по што стрелаа Едиз Спахиу и Бобан Николов за конечни 5-0.
Претходно во осминафинале се пласираа Брера Струмица, Македонија Ѓорче Петров, Струга, Силекс и Пелистер.