Eнрике нема дилеми: Освојувачот на „Златната топка“ мора да биде од ПСЖ

Луис Енрике сосема очекувано пружи поддршка на своите играчи во борбата за Златната топка, инсистирајќи дека добитникот на најпрестижното индивидуално признание за 2026 година мора да биде од ПСЖ.

Организаторите името на победникот ќе го објават на 26 октомври во Лондон, а неколу ѕвезди на ПСЖ се во конкуренција, но посебно се истакнуваат Кварацхелија и Осман Дембеле.

„Не ми е гајле кој ќе ја освои „Златната топка“, но победникот мора да биде од ПСЖ“, кратко порача шпанскиот стратег.

Кога се останатите фудбалери во прашање, тука се Мбапе, Јамал, Кејн, Родри и Олисе.