„Гроф“ во Свети Николе од трибините го скенира Вардар!

Фудбалерите на Вардар попладнево го играат натпреварот од 1/16 финалето во Купот на Македонија на гости кај Овче Поле, а овој дуел од трибините го следи и новиот стратег на „црвено-црните“.

Вардар вчера преку социјалните мрежи потврдија дека рногорски стратег Миодраг Божовиќ, попознат по прекарот „Гроф“ ќе го преземе кормилото на тимот, тој денеска од трибините ги скенира своите фудбалери.

Неговото деби на клупата на најтрофејниот македонски клуб се очекува в недела на терените на ФФМ кога Вардар од 19:00 часот ќе го пречека Арсими.