Бобан Грнчаров влегува во стручниот штаб на Гоце Седлоски!

Поранешниот легендарен капитен, а потоа и тренер на Вардар, Бобан Грнчаров, е најновото засилување во стручниот штаб на репрезентацијата на Македонија, тој ќе биде прв асистент на селекторот Гоце Седлоски, дознава „Спорт1.мк“

Тој влегува на местото на Борче Христов, кој замина да биде тренер на битолски Пелистер, а поранешниот дефанзивец ќе се обиде да помогне да се крене нивото на играта на националниот тим во пресрт на стартот на Лигата на нации.

„Ќе има промени во стручниот штаб, Борче продолжува во Пелистер, имињата на новите двајца членови ќе ги објавам на официјалниот прес пред собирот“, рече Седлоски.

Според нашите информации, популарниот Грне нема да биде единственото засилување во делот на струката, со оглед што во тимот ќе има и нов кондициски тренер. Тоа е Михајло Шејкеровски, кој освен што работеше во Металург, Вардар и Работнички би дел од неколку бугарски тимови меѓу кои се и гигантите Левски и Лудогорец.

Засилениот стручен штаб на Седлоски ќе дебитира веќе на 26 септември, кога на стартот од Лигата на нации ќе ѝ гостуваме на Швајцарија.