Оснабрик со спектакуларен гол го налути Баерн, па доживеа катастрофа (ВИДЕО)

Германскиот шампион Баерн Минхен славеше со 4-1 против Оснабрик во германскиот Куп, со што се пласира во шеснаестинафиналето.

Оснабрик го отвори натпреварот со спектакуларен гол во петтата минута преу Робин Мајснер, но тоа го налути Баерн кој во продолжение стрелаше преку Хари Кејн и Том Бишоф за целосен пресврт (2-1).

Баерн постигна уште два гола во второто полувреме, и тоа преку Мајкл Олисе и Кејн за триумф од 4-1. Сите погодоци може да се погледнат ТУКА.

Фото: Facebook/FC Bayern München