Стоперот на Реал пак има проблеми со законот, возел пијан со своето Порше!
Како што пренесуваат шпанските медиуми, Асенсио на 16 август на југот на Гран Канарија управувал со своето Порше, а алкотестот покажал дури 0,90 промили. На брзото судење, на Асенсио му е изречена парична казна од 14.400 евра, како и забрана за управување со возило во времетраење од осум месеци.
Ова не е единствениот случај поради кој дефанзивецот на Реал Мадрид во наредните денови ќе се појави пред суд. Во Лас Палмас започна судењето против Асенсио и уште тројца поранешни играчи на младинската школа на Реал Мадрид, поради обвиненија за неовластено ширење интимни снимки од две малолетни девојки.
🚨 Raúl Asencio, condenado por conducir ebrio en Gran Canaria
— Mundo Deportivo (@mundodeportivo) September 2, 2026
⚠️ Canarias 7 explica que los hechos ocurrieron el pasado mes de agosto y dio una tasa de alcohol que casi multiplicaba por cuatro el máximo permitido.https://t.co/VakM9vjb2F pic.twitter.com/ULTaVWW5q7
Кога станува збор за Асенсио, обвинителството би можело да го повлече обвинението за откривање тајни доколку оштетените пред судот потврдат дека му простуваат. Во тој случај фудбалерот не би бил осуден, со оглед на тоа што му се припишува споредна улога во спорните настани.
Асенсио оваа сезона е член на првиот тим на Реал Мадрид, а 22-годишниот дефанзивец потекнува од младинската школа на мадридскиот гигант.
Фото: Real Madrid C.F/X