Монако по ужасната трансфер-политика пред казна поради - финансискиот фер-плеј!
Раководството на клубот беше под притисок да продаде дел од играчите за да избегне евентуални санкции. Првичниот план вклучуваше трансфер на напаѓачот Фоларин Балогун во англискиот премиерлигаш Евертон, но зделката беше стопирана откако фудбалерот не ги помина задолжителните медицински прегледи.
Паралелно со ова, играчот од средниот ред Ламин Камара веќе имаше договорено лични услови за премин во Челси. Сепак, кога се појави нова можност за обновување на преговорите со Евертон за Балогун, раководството на Монако одлучи да ги прекине разговорите со Челси за Камара, надевајќи се дека сепак ќе успее да го реализира трансферот на напаѓачот.
На крајот, трансферот на Балогун дефинитивно пропадна. Како резултат на ваквиот тек на преговорите, Монако остана и без продажбата на Камара и без планираните приходи неопходни за финансиска стабилизација на клубот.