Катастрофа: Македонија загуби од Косово и го освои последното место во Таранто!
Македонските ракометарки не успеаја да стигнат до победа во натпреварот против Косово во борбата за петтата позиција, а со новиот неуспех го завршија турнирот на разочарувачки начин.
За Македонија ова е големо разочарување и поради тоа што запиша дури пет порази во шест одиграни натпревари, односно единствената победа ја оствари токму против Косово во групната фаза со 27-22, но претходно доживеа четири големи порази.
Нашите ракометарки беа претходно поразени во групната фаза од Чешка (25-31), Тунис (11-43), Алжир (23-37) и Италија (16-39).
По овој пораз, Македонија остана на шестото место во конкуренција на шест репрезентации, па така турнирот во Таранто завршува со горчлив вкус за македонскиот женски ракомет.