Челси во рок од пет дена продаде четворица напаѓачи за 125,5 милиони евра!
Сè почна со продажбата на Лијам Делап на 27 август во Нотингем Форест за 52,5 милиони евра, по што следеше заминување на Никола Џексон за неверојатни 55,5 милиони евра.
„Сините“ вчера го продадоа и Давид Датро Фофана, кој никогаш не доби вистинска шанса, а за трансферот добија 2,5 милиони евра.
Последното заминување од Лондон го имаше шпанскиот напаѓач Марк Гиу, кој реализира трансфер од 15 милиони евра во Лајпциг.
Фото: Chelsea Football Club /Facebook