Голман на Гетафе направи нешто што не им успеало ни на Меси и Роналдо
Сепак, натпреварот во Памплона ќе остане запаметен и по едно историско достигнување. Голманот на Хетафе, Давид Сорија, го запиша својот 193. последователен настап како стартер за мадридскиот клуб, со што постави нов рекорд во шпанската Ла Лига.
Сорија речиси пет години е незаменлив меѓу стативите на Хетафе. Неговата серија започна на 13 август 2021 година, кога бранеше против Валенсија, а оттогаш не пропушти ниту еден натпревар во кој беше во стартниот состав. Вкупно 1.845 дена и 193 натпревари по ред како прв избор на голманската позиција му беа доволни на 33-годишниот чувар да го надмине досегашниот рекорд на Хуан Антонио Ларањага. Легендарниот голман на Реал Сосиедад имаше 192 последователни настапи во стартната постава, рекорд кој стоеше повеќе од три децении.
Сорија во Хетафе пристигна од Севиља во летото 2018 година. По трансферот веднаш доби голема доверба и редовно бранеше, но во сезоната 2020/21 накратко го загуби местото во тимот. Во периодот од декември до февруари, во девет натпревари, на голот беше Рубен Јањез. Сорија потоа повторно се врати на голот, но во последното коло од истата сезона уште еднаш му беше дадена шанса на Јањез.
Токму тие прекини покажуваат колку можеше да биде поинаква приказната. Доколку околностите беа поинакви, Сорија можеше многу порано да го собори рекордот на Ларањага, а неговата серија денес можеби ќе се приближуваше до неверојатната бројка од 300 последователни настапи.