Јилдиз опериран, Јувентус три месеци без својата голема ѕвезда
Турскиот репрезентативец се здоби со скршеница за време на натпреварот против Фрозиноне минатата недела, по што дополнителните прегледи покажаа дека е потребна хируршка интервенција.
Од Јувентус потврдија дека операцијата на левото стапало поминала успешно, а Јилдиз веднаш започнал со рехабилитација. Сепак, паузата ќе биде значително подолга – првичните проценки се дека офанзивецот ќе биде надвор од терените меѓу два и три месеци.
Ова е сериозен проблем за „старата дама“, бидејќи Јилдиз е еден од најважните фудбалери во тимот. Јувентус ја започна сезоната со две победи, но сега тренерот Лучано Спалети ќе мора да најде решение за периодот во кој нема да може да смета на турската ѕвезда.
Доколку рехабилитацијата мине според планот, Јилдиз би можел да се врати во конкуренција за настап во периодот од два до три месеци.