Штипската „Пастрмајлијада“ ќе го одложи натпреварот на Брегалница и Скопје
Причината за барањето на штипјани е што дуелот се игра на 19 септември, истиот ден кога што во Штип се одржува и традициналната, „Пастрмајлијада“.
„Раководството на клубот поднесе барање до Фудбалската федерација на Македонија за одложување, односно преместување на термин за мечот од 8.коло од ПМФЛ против ФК Скопје на домашен терен, кој првично треба да се одигра на 19 септември, датум на кој на градскиот стадион ќе се одржи манифестацијата "Пастрмалијада". Јавноста ќе биде благовремено известена за датумот на одигрување на мечот против ФК Скопје“, соопшти Брегалница.
Брегалница во досегашните пет одиграни натпревари во ПМФЛ забележа две победи и три порази.