Најголемото засилување пристигна на „Енфилд“: Освен Ливерпул не сакав друго да слушнам!

Ливерпул го потврди најголемиот трансфер на ова лето, Бредли Баркола е нов играч на „црвените“.

Како што е познато, преговорите траеја долго, а Ливерпул на крајот одлучи да плати околу 145 милиони евра, во сума во која се вклучени и потенцијалните бонуси. Фиксниот дел од трансферот изнесува 125 милиони евра, додека преостанатите 20 милиони се предвидени преку бонуси.

Баркола пристигнува по три сезони поминати во Пари Сен Жермен, со кој ги освои сите можни трофеи. За францускиот гигант одигра 152 натпревари, постигнувајќи 39 голови и запишувајќи 37 асистенции.

Тој може да игра на двете крилни позиции, иако кај Луис Енрике најчесто настапуваше како лево крило. Се очекува токму на таа позиција најчесто да игра и кај Андони Ираола.

„Беше потребно многу време за да се реализира трансферот, но навистина сум среќен што дојдов да играм за Ливерпул. Се надевам дека ќе постигнам големи работи. Освојувањето на Премиер лигата е еден од моите најголеми соништа. Кога дознав за интересот на Ливерпул, не сакав да слушам ништо друго“, изјави Баркола.

Баркола е најголемото засилување на Ливерпул ова лето, по пристигнувањата на Роналд Араухо, Виктор Муњоз и Жереми Жаке.

Сепак, навивачите се надеваат на уште најмалку две нови засилувања, замена за Коди Гакпо, кој е пред трансфер во Манчестер Сити, како и уште еден играч за врска.

Фото: Liverpool FC