Јувентус го испрати Дејвид во Мадрид и го замени со Германец

Атлетико Мадрид денеска постигна договор со Јувентус за позајмица на канадскиот напаѓач Џонатан Дејвид.

Дејвид во редовите на „Јорганџиите“ ќе пристигне на едногодишна позајмица, што дополнително ќе ги засили шпекулациите за заминување на Хулијан Алварез во Барселона.

Јувентус експресно реагираше и веднаш пронајде нов напаѓач, договорајќи ги личните услови со Ник Волтемаде од Њукасл. Сега останува да ги финализира преговорите со англискиот клуб, каде што Германецот не е во прв план.

Поради тоа, не се очекува премиерлигашот да му прави проблем на Волтемаде.