Ливерпул договори 18-годишен голман за 35 милиони евра!

Во финишот од преодниот рок, Ливерпул се засилува со млад, но скап голман, се работи за белгиски чувар на мрежата, Лука Бругманс.

18-годишниот голман ќе ги мине лекарските прегледи и ќе стави потпис на договорот со Ливерпул.

Тој на Енфилд доаѓа од Генк за сума од дури 35 милиони евра.

По потписот веројатно ќе остане во Генк уште една сезона, а од летото 2027 година ќе му се приклучи на Ливерпул.