Данев: Работевме напорно, фокусирани сме само на Тиквеш!
По двата порази од Шкендија и Струга, Вардар одговори со победа над Силекс, но таквиот победнички од треба да продолжи. Следниот предизвик е денеска од 17 часот, гостувањето кај Тиквеш во Кавадарци.
„Работевме напорно изминативе денови и фокусирани сме на натпреварот со Тиквеш. Ова е многу важен меч за нас, затоа што по триумфот над Силекс сакаме да фатиме победнички ритам. Ќе сториме сѐ да ги освоиме трите бода во Кавадарци, иако знаеме дека Тиквеш игра квалитетно пред своите гледачи. Сепак, ние веруваме во нашите способности и одиме на победа“, порача Данев.
Еден од најдобрите во составот на Тиквеш е Н’Фанли Сила кој досега постигна четири гола.
„Екипата е максимално подготвена за овој натпревар, и продолжуваме заедно кон победа. За градот, за нашите навивачи но и за нас исто така. Овој меч е многу важен, играме против шампионот, и јас верувам дека кај нас ќе има мотиви за да дојдеме до триумф. Одиме чекор по чекор. Целта е на секој натпревар да освојуваме бодови. Знаеме дека во последните две кола резултатите не беа како што посакувавме, меѓутоа подготвени сме да се вратиме на победничките патеки, како што беше во првите две кола. Ќе дадеме се од себе за победа денеска, а целта оваа сезона е да бидеме во горниот дел на табелата, и следната сезона Тиквеш да игра во европските натпреварувања“, рече Сила.