Ивановски погоди од пенал за прва победа на Пелистер (ВИДЕО)
По двата нерешени резултати, битолчани конечно го скршија малерот и заслужено дојдоа до триумфот со оглед на тоа што ја имаа иницијативата на тешкото гостување. Во првото полувреме имаа неколку шанси кои пропучштија да ги претворат во гол, а моментот на одлука се случи во 75. минута.
По еден невнимателен старт на домашната одбрана, главниот судија покажа на белата точка за Пелистер, а прецизен беше Иван Ивановски кој му ја донесе првата победа на својот тим.
И другите три натпревари од денешната програма во Втората лига не беа претерано ефикасни. Работнички со 1-0 го совлада Еуромилк, Осогово и Новаци одиграа без голови, а Брера со 2-1 го победи Камјани. Другите три натпревари од третото коло се играат утре.





