Награда за добрите настапи: Младеновски потпиша нов договор со Вараждин
Младеновски имаше добри настапи за Вараждин по доаѓањето во 2024 година, а оваа сезона ја почна со два гола на четири настапи во хрватскиот шампионат.
Вараждин поради тоа реши да го награди со нова соработка и да го задржи до крајот на сезоната 2028/29.
Дефанзивецот претходно играше за Шкупи, Ботев Плводив, Македонија Ѓорче Петров, Фремад Амагер и Вардар.
Фото: Facebook/NK Varaždin