Tри пенали и глупост во 95-та минута за спектакуларен пресврт - Плзен ја расплака Звезда! (ВИДЕО)

Викторија Плзен со еден од најголемите пресврти во својата историја ја елиминираше Црвена звезда и со победа од 5-1 се пласираше во лигашката фаза од Лигата на Европа.

Звезда на првиот натпревар во Белград славеше победа од 3-0 и се очекуваше да нема големи рпоблеми вечерва, меѓутоа на свој терен чешкиот тим одигра многу подобро.

Резултатот го отвори Аду по само осум минути игра, а Звезда брзо се врати и израмни со погодокот на Иваниќ во 11-тата минута. По само шест минут игра во вториот дел Плзен доби пенал, но Аду не го реализираше.

Во 53-тата минута Звезда остана и со играч помалку откако директен црвен картон заработи Букари. Пет минути подоцна домашниот состав доби нов пенал, сега одговорноста ја преземе Висински и беше прецизен.

По нешто повеќе од еден час игра Хросовски постигна и трет гол. До крајот на натпреварот следшее целосна офанзива на домаќините, а голот за продолженија дојде во последните секунди.

Фудбалерите на Звезда по еден корнер во 95. минута направија и трет пенал на натпреварот, сега врз голманот на чешкиот тим, а Кабонго го претвори во гол.

Во продолженијата Викторија Плзен влезе како голем фаворит со предност од фудбалер повеќе на теренот, додека Звезда беше во подредена улога. Таа ситуација домашниот состав ја искористија даде гол преку Крчиќ во 96. минута и го комплетираше еден од најголемите пресврти во својата историја.

Звезда сега ќе мора да се задоволи само со место во Конференциската лига.