Глупост на Звезда каква што ретко се гледа - пенал врз голман во 95. минута! (ВИДЕО)
Фудбалерите на Звезда направија дури три пенали од кои два реализираа. Посебно неверојатен беше пеналот во самата завршница кога српскиот гигант го фаулираше голманот на чешкиот тим во шеснатсетникот, Кабонго го реализираше за продолженија.
Таму Звезда ќе биде и со фудбалер помалку бидејќи претходно беше исклучен Букари.