Тотнем промовираше уште едно мега засилување! (ФОТО)
Египетскиот фудбалер во Тотнем пристигнува од Манчестер Сити, прво ќе игра на позајмица, но со обврска да биде откупен следното лето за сума од околу 60 милиони фунти.
„Со задоволство можеме да го објавиме потпишувањето со египетскиот офанзивен фудбалер Омар Мармуш на едногодишна позајмица. Договорот предвидува обврска трансферот да стане перманентен следното лето“, соопшти клубот.
Мармуш пристигна и како сериозно засилување на Манчестер Сити, но не се наметна како прв избор.