Во Азербејџан пак ќе се игра ЛШ: Клуб што постои девет години обезбеди пласман во елитата (ВИДЕО)

Сабах продолжува да ја пишува една од најубавите фудбалски приказни во својата кратка историја. Азербејџанскиот шампион направи голем подвиг и обезбеди пласман во Лигата на шампионите, откако на домашен терен го совлада Хапоел Бер Шева со 5-2, по продолженија.

Првакот на Израел влезе во реваншот со предност од 2-1 и во Баку го отвори резултатот. Сепак, Сабах не се предаде. Домаќинот напаѓаше во текот на целиот натпревар, успеа да израмни и во драматичниот финиш да избори продолженија. Во 61. минута Хапоел поведе со 2-1 и се чинеше дека тука е крајот за Сабах.

Сепак, Рахмоналијев израмни, а Муталимов во 94. минута се избори за дополнителни 30 минути. Во продолженијата погодија и Мбина и Микелс и со 5-2, односно вкупни 6-4, азербејџанскиот тим обезбеди место во Лигата на шампионите.

Клубот од Баку е формиран во 2017 година, минатата сезона ја освои својата првата титула во домашното првенство, а сега ќе го дополни успехот на Карабах од лани и ќе игра во Лигата на шампионите.