(ФОТО) Реал купи „перниче“ од 140 милиони евра: Ридигер дремна на рамото на Диоманде

Клупата на Реал Мадрид има своја приказна што и не е нешто ново ако се знае какви играчи седат на неа.

Една фотографија од клупата на Реал стана хит на социјалните мрежи поради необичниот кадар на кој двајца фудбалери седат еден до друг на мечот против Еспањол. Новото засилување Јан Диоманде сериозно го следи натпреварот и ја чека својата шанса, додека ветеранот Антонио Ридигер накратко дремна на неговото рамо.

Навивачите на социјалните мрежи беа брутални, но интересно е тоа што место да го критикуваат Германецот за несериозниот однос, му се свртеа на 19-годишниот фудбалер кој неодамна дојде во Мадрид.

„Реал си купи ’перниче’ за 140 милиони евра“, гласеше најжестокиот коментар, алудирајќи на сумата која ја плати гигантот за својот нов фудбалер.

Диоманде стана најскап фудбалер во историјата на Реал, но во првото коло не беше меѓу стартерите, туку влезе во игра во второто полувреме. Додека чекаше шанса, му помогна на Ридигер да поспие.