Ѓорческа не ја мина првата пречка во квалификациите за Ју-Ес Опен

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа не ја мина првата пречка во квалификациите за Ју-Ес Опен.

Ѓорческа во мечот против Јапонката Маи Хонтама денеска беше поразена со 2-0 во сетови (7-6, 6-3).

Јапонската тенисерка направи брејк веднаш на стартот и поведе со 2-0, потоа следеше брејк и на Ѓорческа, сепак, многу брзо предноста Хонтама ја врати. На крајот спека, сетот се решаваше во тај-брејк каде што Лина загуби со 7-1.

Ѓорческа во вториот сет се држеше до 3-3, а потоа следуваа три гема во низа за Јапонката која така си обезбеди место во следната рунда.