Ниту Струга немаше решение за Шкендија, тетовци останаа перфектни! (ФОТО)
Шкендија ја имаше иницијативата од самиот почеток на натпреварот и тоа го искористи по половина час игра кога во листата на стрелци се запиша Нзенгуе.
Само шест минути подоцна повторно се тресеше мрежата на стружани и одново во центарот на вниманието беше Нзенгуе, сепак тој негов гол беше поништен поради недозволена позиција.

Струга во второто полувреме до некаде се ослободи од притисокот, меѓутоа и понатаму тетовци и понатаму беа подобриот тим на теренот. Но и така, екипата на Струга стигна до израмнување од пенал кој го реализираше најдобриот стрелец од минатата сезона, Христијан Малески.
Херој на Шкендија беше искусниот Бесарт Ибраими кој на ист начин како и Малески во 85-тата стави точка на натпреварот.
Ќе потсетиме, во натпреварот претходно денеска Вардар го победи Силекс со убедливи 4-1.
